СРЕЌНА ЅВЕЗДА: Чупиќ рекордер во ЛШ со три титули! (ВИДЕО)

EPA/ANTONIO BAT

А како да предвидувавме, хрватското десно крило имаше богато искуство од ваквите завршници во Лигата на шампионите…

Тоа и се случи во најновото издание на Фајнал фор турнирот во Келн, одново клучен човек кој става точка која значи славење на европскиот трон.

Со Келце еднаш, а сега со Вардар двапати доаѓа до титулата во ЛШ, интересно со „црвено-црните“ ги реализираше победничките решавачки голови.

Тој воедно стана и рекордер во Лигата на шампионите со три освоени титули, а овој рекорд денеска го бркаше и Момир Илиќ на спротивната страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот