Чупиќ мајсторе, што велиш за уште една финална „магија“? (ВИДЕО)

EPA/SASCHA STEINBACH

Вардар денеска против Веспрем ќе игра во финалето за трофејот во Лигата на шампионите во „Ланксес“ арената од 18.00 часот.

Во полуфиналниот дуел против Барселона хрватското десно крило на „црвено-црните“, Иван Чупиќ беше стрелец на три погодоци.

– Второто полувреме против Барселона го красеше карактерот, главата, срцето, сите играчи го дадоа максимумот. Што се однесува до финалниот меч против Веспрем, ќе се обидеме нешто слично како против Барса, еден за друг, со заеднички сили. Ќе се договориме и околу тактичките замисли. Со тимска игра мислам дека можеме да направиме нов голем резултат – рече Чупиќ.

Чупиќ (33) има големо искуство од настапите на ваквите завршни спектакли, вкусени две титули, една во сезоната 2015/2016 со полскиот Келце и во 2016/2017 со Вардар. Ако успее уште еднаш, ќе биде првиот играч во историјата  кој трипати го освоил Келн, а на истиот подвиг се надева и Момир Илиќ на спротивната страна.

Токму во 2017 година беше херојот на македонскиот шампион и неговиот победнички гол против ПСЖ. Можеме ли да бидеме сведоци на уште една негова финална „магија“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот