Средба Спасовски-Тимоние: Државата постигна многу и се движи во вистинска насока

Фото: МИА

На средбата, како соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, била изразена надеж дека преодната Влада ќе се фокусира на обезбедување фер и демократски избори, како и очекување дека ќе продолжат реформските процеси со активно темпо и придонес на позитивен развој на процесите.

Претседателот на Владата Оливер Спасовски денеска имаше средба со францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние, на која е констатирано дека Република Северна Македонија постигна многу на домашен и на меѓународен план и оти се движи во вистинската насока во однос на интеграциите.

На средбата, како соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, била изразена надеж дека преодната Влада ќе се фокусира на обезбедување фер и демократски избори, како и очекување дека ќе продолжат реформските процеси со активно темпо и придонес на позитивен развој на процесите.

– Владата ќе работи динамично. Посветени сме да продолжи напредокот во сите можни сегменти. Нашата определба се функционални институции, активно вклучени во реформските процеси, во интерес на сите граѓани и на интеграциските процеси на државата. Покажавме дека договореното се почитува, преодната Влада беше формирана согласно политичкиот договор, како и законските и уставните услови, без никакви проблеми и ова е доказ дека нашиот политички и институционален систем функционира добро. Ќе продолжиме со политиките на дијалог што придонесуваат кон добра клима во државата. Општите и државните интереси мора да бидат во прв план кај сите политички субјекти. 2020 година е значајна година за граѓаните на нашата држава, поради остварувањето на полноправното членство во НАТО, но подеднакво важни за нас се и европските интеграции, порачал премиерот Спасовски.

Тој изразил очекување дека во 2020 година ќе биде направено најдоброто во пријателството помеѓу двете држави и оти тоа ќе функционира на високо ниво.

На средбата заеднички како важно било посочено функционирањето на правдата, правдата да важи подеднакво за сите и да нема застарување на случаи.

Премиерот Спасовски ја нагласил определбата за охрабрување на Судскиот совет и на другите надлежни институции да придонесат во обебзедување функционален правосуден систем. На средбата била изразена согласност и дека Законот за јавно обвинителство е од голема важност во правосудните реформи.

Премиерот Спасовски на средбата со амбасадорот Тимоние разговарал и за можностите за унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот