Средба на Пендаровски со претставници на канцеларијата на ИОМ во Скопје

На средбата, соопштија од Кабинетот на претседателот, било разговарано за севкупните активности на организацијата во нашата држава поврзани со миграцијата, нивниот ангажман во двата транзитни центри на јужната и на северната граница, како и мерките што организацијата ги презема во услови на глобалната пандемија од КОВИД-19.

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска прими претставници на канцеларијата на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Скопје и националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.

На средбата, соопштија од Кабинетот на претседателот, било разговарано за севкупните активности на организацијата во нашата држава поврзани со миграцијата, нивниот ангажман во двата транзитни центри на јужната и на северната граница, како и мерките што организацијата ги презема во услови на глобалната пандемија од КОВИД-19.

Посочувајќи ја важноста на партнерската улога на ИОМ со државните институции, претседателот Пендаровски се заблагодарил за севкупната помош што организацијата ја дава во справувањето со миграцијата, спречувањето на насилниот екстремизам, зајакнување на безбедноста на границите, прекуграничната соработка, помош за децата на улица, поддршката на младинските организации, поддршката на лицата со попреченост, поддршката за ранливите категории граѓани итн.

Тој изразил очекување за натамошно продлабочување на соработката на Република Северна Македонија со ИОМ, во насока на натамошно јакнење на капацитетите на државата во сферата на миграциите, согласно меѓународните стандарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот