Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Чешката Република Томан

Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа работна средба помеѓу министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и амбасадорот  на Чешката Република Н.Е. Мирослав Томан.

На средбата двете страни изразија задоволство од долгогодишната одлична соработка, со акцент на партнерството помеѓу двете министерства, кое изминативе години посебно за време на миграциската криза,  но и периодот после  се покажа дека е од голема важност за нас  како  министерство  особено во делот на осовременување на капацитетите на МВР.

Притоа, на крајот од средбата од страна на министерот Спасовски  беше изразена благодарност  за поддршката и соработката во рамки на заедничкото обезбедување на јужната граница преку постојаните ротирачки контингенти полициски службеници од Чешката Република,  во справувањето со миграцијата и илегалните миграциски текови. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот