Генерален штрајк во Србија/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Србија: Студентите и пензионерите побараа предвремени избори и пензиски реформи

Српските пензионери и студенти денеска на заеднички протестен марш во Белград, повторно побараа предвремени избори и реформи на пензискиот фонд, а додека минуваа покрај Претседателството скандираа „уа“, а потоа застанаа и со песната „Кукавица“ му испратија симболична порака на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Здружението на синдикатите на воените пензионери на Србија повика на протест, а ним им се придружија и „цивилни пензионери“ и студенти, со барања за предвремени избори и реформа на законите поврзани со фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Тие бараат да се реформира пензискиот систем, за тие што најтешко живеат да добијат покачување.

Протестната прошетка продолжи до Владата, каде тие упатија писмо до премиерот со нивните барања. Пред Владата ги читаа барањата и извикуваа „пумпај“, со што протестот заврши.

„Единствениот ненасилен, граѓански и демократски начин за решавање на кризата во земјата се слободните избори што ги побараа студентите. Кој ги игнорира таквите барања, ја турка Србија во уште поголема криза. Оние кои се закануваа со избори на почетокот на студентското движење бегаат од нив и го водат општеството во хаос, обвинувајќи ги студентите за тоа“, рече Јован Тамбуриќ.

Во Нови Сад 13-ти ден трае блокадата на зградата на правосудните органи, каде излегоа студентите и граѓаните кои се незадоволни од тоа што тројца активисти се уште се во притвор. Студенти и граѓани делумно ја деблокираа зградата на судот за да им овозможат на вработените да влезат во зградата на судот. Студентите ги повикаа граѓаните да се соберат пред зградата во 15 часот, бидејќи во 16 часот се очекува одлука за притвор.

Студентите веќе седми ден ја блокираат зградата на Ректоратот во Ниш, иако првично беше предвидено таму да останат три дена. Мнозинството наставници и асистенти одлучија и Филозофскиот факултет во тој град да премине на онлајн настава.

Студентите почнаа и физичка блокада на Богословскиот факултет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот