Србија продолжува без грешка, Богдановиќ ја „реши“ Италија!

fiba.basketball

Ниту една четвртина не освоија Италијанците, сите ги добија нивните ривали со 28:23, 22:19, 20:15 и 22:20 и така уште еднаш докажаа Србите зошто се едни од главните фаворити годинава за светската титула.

Најефикасен во победата беше Богдан Богдановиќ со 31 поен (четири скокови, пет асистенции), а на спротивната страна доминираше Данило Галинари со 26 поени и осум скокови.

На првиот дуел од завршната рунда во групата Д, Ангола после едно продолжение триумфираше над Филипини.

На конечната табела Србија го освои првото место со шест бодови и заедно со Италија (пет) оди во главната рунда, поточно во новата група Ј каде што се наоѓаат уште селекциите на Порторико и Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот