Срамно однесување на полицајци во Чикаго: Додека демонстраните демолираат, тие пијат кафе, јадат пуканки и дремат (ВИДЕО)

Фото: CITY OF CHICAGO

– Дури беа толку безобразни па отидоа да си направат кафе и пуканки во мојата микробранова печка, додека разбојниците грабаа по фирмите пред нивниот нос, на дофат на рака, истакна Раш.

Тринаесет полицајци од Чикаго се собрале во канцеларијата за кампања на републиканецот Боби Раш на 2 јуни, додека во градот се ширеа насилни протести поради смртта на Џорџ Флојд, објавија градоначалничката Лори Лајтфут и конгресменот.

На снимката се гледа како полицајци – вклучувајќи и тројца надлежни – спијат, јадат пуканти и разговараа по телефони. За овој инцидент се дозна откако Раш ги прегледал снимките од безбедносните камери од својата канцелари, објасни градоначалничката на Чикаго на прес конференција.

Демонстраните провалија во канцеларијата на 31. мај, по грабежите во трговскиот центар околу овие простории. Полицијата следниот ден влезе во канцеларијата.

– Дури беа толку безобразни па отидоа да си направат кафе и пуканки во мојата микробранова печка, додека разбојниците грабаа по фирмите пред нивниот нос, на дофат на рака, истакна Раш.

– Беа опуштени и не се грижеа за тоа што се случува со луѓето во овој град. Апсолутно не им беше грижа, додаде тој.

Протестите во Чикаго се покренати по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд на 25 мај во Минеаполис, во текот на бруталното апсење.


Полициајта на Чикаго објави на „Твитер“ дека покренала внатрешна истрага за инцидентот, а градоначалничката истакна дека во тек е идентификација на службениците од снимката.

Лајтфут рече дека овој инцидент е „личен срам“ за неа.

Стигнаа и да дремнат

– Едно ќе ви кажам – на ниту еден од нема да им биде дозволено да се скријат зад значките и да продолжат да се однесуваат како ништо да не се случило. Не повеќе, не во мојот и ваш град – вети таа.

Лајтфут во текот на конференцијата му се извини на Раш.

– Жал ми е што вие и вашиот персонал мораше да се соочите со вакво омаловажување – рече таа, пренесува Фокс Њуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот