Сплит победи во Аеродром, МЗТ се подалеку од опстанок во АБА лигата

Фото: AdmiralBet ABA League/Тwitter

МЗТ Скопје е се подалеку од опстанок во АБА лигата откако денес доживеа нов пораз на домашен терен. Со победа од Аеродром си замина директниот ривал на „штрковите“ во битката за опстанок, тимот на Сплит.

Сплит славеше со 80:85 и го остави МЗТ на дното на табелата со само две победи. Натпреварот беше решен во последниот период кој Сплит го доби со 17:26.

Добро го стартуваше МЗТ мечот, на полувреме имаше и предност од еден поен разлика (41:40), а во последниот период влезе со четири поени предност. Сепак, играта на избраниците на Петровиќ во овој последен период не беше на потребното ниво, а Сплит знаеше како тоа да го искористи.

Најефикасен во тимот на МЗТ беше Војдан Стојановски со 17 поени, додека на спротивната страна поранешниот играч на МЗТ Скопје, Доминик Мавра постигна 23 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот