СПЕКТАКЛ НА НЕБО: Неверојатни снимки од затемнувањето на сонцето (ВИДЕО) - Слободен печат
ВестиПланета

СПЕКТАКЛ НА НЕБО: Неверојатни снимки од затемнувањето на сонцето (ВИДЕО)

Затемнувањето почна од правец на Тихиот Океан, а појасот на видливото затемнување се протегаше над Чиле и Аргентина.

Жителите на Јужна Америка имаа несекојдневна прилика да бидат сведоци на спектакуларна појава на небото – целосно затемнување на сонцето.

Феноменот го следеа илјадници луѓе кои се собраа за да бидат сведоци на истиот.

Фото: EPA/Gabriel Romano

Затемнувањето почна од правец на Тихиот Океан, а појасот на видливото затемнување се протегаше над Чиле и Аргентина.

Како што јави Би-би-си, овој спектакл беа во можност да го набљудуваат и снимаат локалните ентузијасти, но, исто така, и најмоќните телескопи во светот.

Оние што го следеле ова затемнување можеле да уживаат во сите фази, проследени со неверојатни светлосни ефекти.

Првиот и единствен дел од Земјата во Тихиот Океан, кој се наоѓал на патот на затемнувањето бил малиот остров Оен.

Овој ненаселен остров бил во тотален мрак речиси три минути, вчера со почеток во 10.24 часот по локално време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close