Специјалните обвинители не се плашат од истрагата на Рускоска

Фото: Принтскрин

Документот за доверливост кој своевремено го имавме потпишано е базиран врз Законот за специјално јавно обвинителство. Нас тој многу не обврзува од професионална гледна точка и во него нема ништо незаконски. Одредени медиуми малку ги имаат „напумпано“ сумите кој ни биле исплаќани. Но, и тој надоместок бил согласно законот и ние сите обвинители немаме причина да се плашиме од било каква истрага по тој однос бидејќи ние ништо незаконски не сме сториле, вели за „Слободен печат“ еден од обвинителите од поранешното СЈО. Додава дека сите дванесетмината поранешни специјални обвинители од СЈО имале потпишано договор за доверливост.

Токму тие договори за кој многу се шпекулира во јавноста беше иницијална каписла денеска екипи на истражители од Одделот за организиран криминал и корупција при Јавното обвинителство на Македонија со кој раководи обвинителката Вилма Рускоска да упаднат во просториите на СЈО за да ги приберат документите потребни за финансиската истрага.

Според насоките кој ги имата истражителите се бараат договорите за вработување, договорите за доверливост, налозите за исплати на плати, надоместоци и за бонуси.

Според базата на „Отворени финансии“ поранешната шефица на СЈО Катица Јанева земала 157.000 евра додаток за доверливост во својот четири годишен мандат, додека салдото на останатите се движи меѓу 70 и 100.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот