Специјалитетот кој го запрепасти цел свет! (ФОТО)

YouTube

Дали ова ви личи на традиционална празнична торта? Нели наликува на традиционалната мисирка што се прави за Денот на благодарноста?

Епа 49-годишната слаткарка Сара Харди од Англија, си дала нова задача – да направи торта која ќе бидете убедени дека личи на празничната мисирка што ја прават луѓето кои го прославуваат Денот на благодарноста.

YouTube

Откако го поставила видеото од својата креација на Инстаграм, многумина биле во шок кога сфатиле дека не станува збор за обична мисирка, туку највкусната торта на светот.

На некои луѓе пак, тоа им било одвратно и коментирале дека „никогаш не би пробале слатка мисирка“.

YouTube

„Скоро 90% од луѓето мислат дека тортата е одвратна, а ова е прв пат да снимам нешто за јавноста. Важно ми беше луѓето да ја забележат иако не беше наменето за секој. Тортата е со цитрусен вкус, а марципанот е повкусен отколку што изгледа“, изјавила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот