СПЦ донесе одлука: Ќе го обноват дијалогот со Македонската православна црква

Од СПЦ била донесена одлука да ги обнови преговорите за решавање на статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и да ги продолжи разговорите за тоа со нејзини претставници, јави Танјуг цитирајќи ја „Политика“.

Српскиот весник, повикувајќи се на извори од врвот на СПЦ, информира дека прашањето за МПЦ-ОА вчера било единствена тема на претпладневното заседание на највисокото црквено тело.

Како што пренесе Танјуг, со спроведувањето на одлуката за продолжување на дијалогот со МПЦ-ОА, СПЦ ќе се занимава после заседанието на Соборот, Светиот архиерејски синод на СПЦ.

Неименуван извор за „Политика“ изјавил дека „српската црква не сакала да иницира обновување на дијалогот со Македонците се додека Јован Вранишковски бил во затвор“.

„Тој, меѓутоа, е пуштен на слобода во 2015 година и учествува и на овој, како и на неколку претходни заседанија на Соборот на СПЦ, заедно со владиките на Православната охридска архиепископија, која е под закрила на српската црква“, пишува Танјуг цитирајќи го белградскиот весник.

Решението на СПЦ за обновување на преговорите со МПЦ следува по минатонеделната одлука на Синодот на Вселенската патријаршија да почне да го разгледува барањето на МПЦ за решавање на нејзиниот статус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот