Спасовски: Со „ветингот“ ќе се искорени криминалот во УБК (ВИДЕО) - Слободен печат

Спасовски: Со „ветингот“ ќе се искорени криминалот во УБК (ВИДЕО)

„Ветингот“ ни е потребен за да се искорени криминалитетот во државава, пред се во УБК и МВР, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието на Македонија.

– Тоа е важно за да можат институциите да се борат против криминалот и корупцијата или против луѓе кои самите се криминалци – изјави Спасовски.

– Ова е потребно затоа што постојат силни аргументи кои укажуваат дека одредени луѓе кои се дел од тој безбедносениот систем или воопшто не требале да бидат во тој состем, а некои од нив не требало да поминат ниту по улицата каде се наоѓа Министерството, не пак да бидат вработени во полицијата. Дел од нив се исквариле во моменти кога дошле внатре – рече Спасовски.

Тој потенцираше дека ветингот е неопходна постапка за да се изгради систем и дека е потребен за граѓаните и иднината на нашата земја.

– Ако борбата до 2017 година беше како еден авторитарен режим да биде заменат и да се врати демократијата во Македонија, таа битка е завршена. Денес Собранието , Владата и граѓаните имаат задача да се борат против бандитите, криминалците и пљачкашите. Оваа битка не признава ниту националност, ниту вера, ниту партиска припадност, ниту пак слободни граѓани кои сакаат да бидат над државата и законите – истакна Спасовски.

Според министерот, „благодарение” на минатата Влада, која ја нарече режимот до 2017 година, се отвори можност дипломи да се купуваат во трафика.

– Како ќе му текнеше на некој или му требаше, оди си купува и на основ на тоа добива позиција. Затоа имавме доктори по науки по безбедност кои беа обични инспектори во полициските станици во Битпазар, Чаир, Ѓорче Петров…, а шефови беа со купени дипломи во трафика. Кога ги купувале барем да воделе сметка. Имаше началник со Факултет за туризам поставен да води оддел за управување со возила, а делот на туризмот да го води машински инженер. Тоа покажува до кое дереџе ни беа институциите и со што треба да се справиме – истакна Спасовски.

Прочитај повеќе

Владата ги поништи решенијата на Мизрахи за разрешување директори на центрите за социјална работа

Слободен печат

Владата обезбеди материјална помош и домување за Атиџе и осумчленото семејство во „Медена земја“

Слободен Печат

ВНИМАВАЈТЕ: Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

Слободен Печат

На скопскиот аеродром ќе се стави во функција термо-камера, се крева нивото на претпазливост од новиот вирус и кај нас

Мими Ш.Петкова

Спасовски: Државниот интерес треба да биде приоритет на сите во Владата

Слободен Печат

КОБНА ВРСКА ВО СРБИЈА: Се разнел себеси и девојката бидејќи сакала да му се врати на бившиот дечко?

Слободен печат

2 comments

НЕВЕН ГНЕВЕН 26/07/2019 - 07:02 at 07:02

Па што работевте, еве веќе 2,5 години, уште не се исчистивте внатре во службите? Или само се топорите, а не сте способни нешто конкретно да направите. Па расчистете еднаш со сите што се на нечесен начин вработени и наместени. Времето си врви, а вие само ќе се жалите, дека кадрите се примени од старата власт. И, каде се полицајците позорници? Или тоа што кажавте беше дневна реклама. Ете, гледате и сами, затоа работите не ви тргнуваат никако.

Reply
m-r. Slobodanco Dimitrovski 26/07/2019 - 11:57 at 11:57

AKO NE ZNAETE GOSPODINE OLIVER SPASOVSKI OD KADE DA POCNETE EVE VI ODGOVOR SITE DIPLOMI A I VASATA DA BIDAT NAJSTROGO REVIDIRANI 99.9 % SE OD SV.nIKOLE NIE VO DELCEVO IMAME NAJGOLEM PROSEK PO OBRAZOVANIE NA M2 VO EVROPA DA ZIVEE FAKULTETOT VO SV.NIKOLE . E ZA M-R. TREBA DA OSTAVIS CEL DEN TOA E! SITE STRUKTURI VI SE VO POKLICIJATA,GRANICNATA POLICIJA I CARINATA M-R.M-R.M-R,M-R………………………………………….. MRCATORI.

Reply

Остави Коментар

17 + twelve =

Прочитај повеќе

Македонија за две години увезла над седум милиони тони отпад од Бугарија

Слободен Печат

СДСМ не смее да го загрози правото со отстапки кон ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Велешка „Економска“ доби нов покрив

Слободен Печат

ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе достави забелешки за Законот за ЈО

Слободен печат

Шекеринска: Повторно ќе се покачат платите за сите припадници на Армијата

Слободен печат

Собранието ги усвои измените на Законот за евиденциите од областа на трудот

Слободен печат