Спасовски откри до каде е истрагата за киднапирањето на Самоил Костадиновски
Ж.Н.
Пред
Фото: Фокус
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше запрашан до каде е истрагата за киднапирањето на младиот скопјанец Самоил Костадиновски, по кој се трага веќе 20 дена.
Министерот рече дека има напредок, како и дека знаат повеќе детали за случајот, но и оти тој не може да ги соопшти јавно, за да не ѝ наштети на истрагата.
26-годишниот Костадиновски, кој е внук од сестра на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, исчезна на 4 март. Тој последен пат бил виден во близина на Чешката амбасада на Водно.
За случајот беа уапсени двајца осомничени за кривично дело грабнување, кои се во притвор. Се знае дека киднаперите го возеле момчеро во сив автомобил „Опел“, кој подоцна беше пронајден запален.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Иако можеби за многумина е изненадување, но, сепак како што и се очекуваше, неформалната коалиција ВМРО-ДПМНЕ-„Поинаку“, која имаше мнозинство во Советот на Битола, се распадна. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Независната листа на „Поинаку“, предводена од претседателката на Советот Габриела Илиевска, „го сврте листот“ и ѝ откажа верност на ВМРО-ДПМНЕ, формирајќи ново мнозинство …
Куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци (ТДМ) од Скопје освои четири значајни награди на два театарски фестивали во Србија. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber По тој повод во „Утрински печат“ разговаравме со две актерки од претставата, Матеа Јанковска која ја игра главната улога на Роња, за која …