Спасовски: Нашите заеднички успеси се нашиот ветар во грб (ВИДЕО)

Во мандатот на техничката влада беа спроведени и парламентарните избори, што потенцираше Спасовски е заеднички успех на сите.

Претседателот на Владата Оливер Спасовски денеска одржува прес-конференција, последна како технички премиер.

 -Спроведени се фер и демократски избор на кои граѓаните одлучија да продолжиме по европскиот пат. Преодната влада во заминување во 9 месечен мандат успешно одговори на специфичните предизвици и направи пат за новата политичка влада која ќе продолжи да ја води државата. Во период од скоро 9 месеци за нас, Македонија стана членка на НАТО, добивме одлука за почеток на преговори со ЕУ, покажавме одржливост на реформскиот процес, ги оправдавме очекувањата на меѓународните партнери. Тоа е направено преку силна посветеност со која внимателно работевме на политички план и тоа во услови на здравствена и економска криза. Секој нов ден се уште е нов предизвик да се заштити јавното здравје, но почетоците на пандемијата бараа ефиканси и брзи одлуки со кои обезбедивме функцоналност на здравствениот систем. Секој граѓанин и во услови на затворени граници имаше услови да се врати дома, оние кои имаат потреба да змаинат отпатуваа, се уште работиме на нашите цврсти определби, ниту еден граѓанин да не остане без егзистенција, а тука е поддршката и за бизнисите, сетот економски мерки, домашни платежни картички и ваучери за домашен туризам. За бизнисте бескаматни кредитни линии. Се подготвува четврти сет мерки со кој ќе се прошири опфатот на граѓани и бизниси кои ќе добијат поддршка од државата, нагласи Спасовски.
Во мандатот на техничката влада беа спроведени и парламентарните избори, што потенцираше Спасовски е заеднички успех на сите.

– Во услови на пандемија одржавме фер и демократски избори, на кои граѓаните слободно го направија својот избор и ја дадоа поддршката за прогресивната опција. Во услови кога и покрај сите заложби невидливиот пријате одзема човечки животи, секој верувам, а и јас истото чувствуваме дека ќе можеме да се израдуваме на успесите кога ќе заврши оваа пандемија, која коси кај нас и во светот. Нашите заеднички успеси се нашиот ветар во грб, мотивација да стоиме исправени. Секој знае дека нема лична среќа, без заедничка. Овааа прес конферњенција ја посветеив на сработеното и да се заблагодарам на сите оние кои дадоа се од себе за да ги постигнеме овие резултати, рече Сапсовски и упати посебна благодарност до сите институции кои напорно работеа овој период, владите од опкружувањето и медиумите за објективното известување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот