Спасовски и Демерџиев: Нема да биде дозволен инцидент на роденденот на Гоце Делчев

Средба на Оливер Спасовски и Иван Демерџиев/ Фото: Фејсбук

Нема да биде дозволен инцидент на роденденот на Гоце Делчев, порачаа денеска министрите за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија, Оливер Спасовски и Иван Демерџиев, на заедничката прес-конференција по состанокот на двајцата министри во МВР во Скопје.

– Разговаравме за чествувањето на родененот на Гоце Делчвев, на неколу дена сме пред наставнот, кој ќе биде во услови на малку зголемени тензии и различни најави за наручшување на јавниот ред и мир. Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен никаков инцидент. Македонската полоција ги презема сите неопходни мерки и активности и апсолутно не смее да се дозволи инцинент, односно, ќе се обезбеди чествување какво што доликува на нашиот великан Гоце Делчев – рече министерот Спасовски.

Неговиот бугарски колега Демерџиев рече дека со Спасовски разговарале како да се обезбеди мирно и спокојно чествување на Гоце Делчев.

– Добив уверување од Спасовски дека ќе бидат преземени сите мерки за мирно и безбедно чествување. Јас го информирав дека ќе ги преземам сите мерки дека луѓето што ќе дојдат од Бугарија на тоа чествување нема да предизвикаат провокации или несакани настани. Постигнавме согласност дека сè ќе биде преземено за да не дозволиме на некои личности да ја распалат ситуацијата. Да се даде почит на една историска личност како Делчев без проблеми, првикации… – реле министериот Демерџиев.

За нападот на огрижанецот Христијан Пендиков Спасовски рече дека на колегата му пренел дека МВР и другите институции веднаш ги презеле сите неопходини мерки.

– Имаме мерка притвор, се работи на проширување на истрагата за овој случај. МВР за сите случаи постапува подеднакви посветено за виновницте да бидат изведено пред лицето на правдата и санкционирани. Нашата крајна цел е да се обезбеди безбедност за сите граѓани и за сите лица кои престојуваат на територијата на нашата држава. Разговаравме и за билатералната соработка во повеќе обчасти како недозволена трговија со дрога, криумчарење на мигранти и за други теми. Сакам да ја изразам благодарноста за посетата на мојот колега министерот за внатрешни работи на Бугарија и за јасната и силна порака дека ќе ги продлабочиме нашето пријателство и партенрство меѓу двете земји и двата народи за заеднички да придонесеме за безбедноста на целиот регион – рече Спасовски.

Бугарскиот министер рече дека за нападот над Пендиков постигнале согласност со Спасовски дека во една земја како Македонија не треба да се допуштат такви инцидентии, а добил и уверување дека ќе биде целосно и објективно истажен.

– Целта е не само да се преземат мерки за тој случај, туку и мерки за превенција за да не се дозволат такви инцинетни во иднина. Му дадов докумети и изјави од Пендиков на Споасовски за заканите што ги добил додека е на лекување во болницата во Софија и добив уверување дека сите што се служат со такви закани ќе бидат исправени пред правдата. Со сигурнист мислам дека патот кој треба да го изоди РС Македонија кон ЕУ ќе оди одбро, но треба да се знае дека јазикот на омраза не е патот кон Европа. Држсавите во Европа споделуваат демократски вредности и тие вредности и ние денеска ги споделуваме. И должни сме да го сочуваме мирот и стабилонста во регионот, затоа што така го луваме и за цела Европа – рече Демерџиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот