Спасовски: Ги повикувам граѓаните мирно и достоинствено да го прославиме Илинден – Слободен печат
ВестиМакедонија

Спасовски: Ги повикувам граѓаните мирно и достоинствено да го прославиме Илинден

Спасовски со апел до граѓаните за достоинствено празнување, а безбедносната состојба во Крушево е мирна, стабилна има намалување на криминалитетот и за 33 отсто помалку прекршоци на јавниот ред и мир.

Посебно е важно претстојните празници да ги одбележиме достоинствено, зашто на тој начин ќе ги почитуваме нашата традиција и нашата историја и сите ќе се свртиме спрема иднината сите заедно да изградиме силна, стабилна држава, Република Северна Македонија, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовкси при денешната посета на Крушево каде присуствуваше на конститутивната седница на Локалниот совет за превенција, а се сретна и со вработените во крушевската полициска станица.

Спасовски со апел до граѓаните за достоинствено празнување, а безбедносната состојба во Крушево е мирна, стабилна има намалување на криминалитетот и за 33 отсто помалку прекршоци на јавниот ред и мир.

– Ги повикувам сите граѓани да се приклучат на оваа прослава, заедно, достоинствено, онака како што и прилега на Македонија да го прославиме 2 Август-Илинден. Во Крушево има добра мирна, стабилна безбедносна состојба. Има подобрување во секој поглед, има намалување на криминалитетот, за 33отсто се намалени прекршоците во однос на јавниот ред и мир, а повеќекратно е зголемена ефикасноста на работењето на полицијата. Во полициската станица во Крушево разговаравме и за подобрувањето на условите за работа како и за подготовките за претстојниот празник Илинден – рече Спасовски.

На новинарското прашање дали ќе има зголемени мерки за безбедност за прославата на Илинден, Спасовски одговори дека за големите, масовни празници секогаш има зголемени мерки за безбедност. Ќе се формира штаб кој ќе работи како што се прави секоај година.

-За сите настани кои се одвиваат, посебно за овие настани кои се големи по бројност, имаме зголемени мерки за безбедност, соглчасно со проценките кои се прават. Ќе биде формиран посебен штаб кој ќе работи како што тоа го правиме секоја година. На тој начин максимално ќе се грижиме за безбедноста на граќаните, на посетителите, на сите кои ќе учествуваат во прославата на Илинден. Ќе има посебен режим на возилата, сето ќе биде утврдено и навремено соопштено. Ќе има полициски службеници кои ќе работат на сообраќајниот режим и на обезбедувањето на настанот на Мечки Камен – изјави Спасовски.

Спасовски се сретна со крушевскиот градоначалник Томе Христоски и присуствуваше на првата седница на Локалниот совет за превенција.

– Формирањето на Советите за превенција е цел што си ја зададовме како министерство тие да се формираат во општините и превентивно да дејствуваме во поглед на безбедносната ситуација во општините. Порано имало само три-четири и тие не функционирале, но сега има во сите општини – рече Спасовски.

Градоначалникот Христоски нагласува дека Крушево посебно ќе се посвети на настаните кои следуваат: прославата на големиот празник Илинден и Светското првенство во параглајдерство кои се настани со бројни посетители.

– Денеска го промовираме формирањето на Советот за превенција. Посебно ќе се посветиме на прославата на Илинден и на одржувањето на Светското првенство во параглајдерство, секако и на сите настани кои се одвиваат и се во тек. Најбитна ни е безбедноста на граѓаните и на посетителите. Заедно работиме со централната власт. Ова е прво формирање на Локален совет за превенција кој ќе брои 10-ина членови – рече Христоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close