Спарси „паднаа“ во Саутемптон, „лисиците“ сигурни во Њукасл! (ВИДЕО)

фото: твитер

Ингс го запиша 13. гол во сезоната, а 12. на претходните 14 натпревари. Ова е можеби најлошиот натпревар од доаѓањето на Жозе Мурињо на клупата на Тотенхем.

Фудбалерите на Саутемптон го совладаа Тотенхем на свој терен во 21. коло од Премиер лигата со резултат 1:0 и го запишаа вториот триумф по ред. „Светците“ кои играат одлично во последно време, до четвртата победа во претходните пет мечеви ги водеше Дени Ингс.

Најдобриот стрелец на тимот постигна фантастичен погодок во 17. минута. Една долга топка на Стивенс одлично ја прифати, го исфрли чуварот, а потоа со левата нога ја испрати топката во мрежата на Гацанига.

За Ингс ова е 13. гол во сезоната, а 12-ти на претходните 14 натпревари. Ова е можеби најлошиот натпревар од доаѓањето на Жозе Мурињо на клупата на Тотенхем.

Лестер немаше проблеми во Њукасл славејќи со убедливи 0:3. Водство донесе Перес во 36. минута, а 180 секунди подоцна еден прекрасен погодок реализираше Џејмс Медисон за зголемување на позитивата.

Конечниот епилог беше поставен во 87. минута, кога Вилфрид Ендиди ја испрати топката до Хамза Чаудри, а овој погодок под пречката.

Претходно беше објавено дека Брајтон пред своите верни навивачи успеа да му откине бод на Челзи (1:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот