Премиер лига: Иранец со спектакуларни „ножички“ против Челзи! (ВИДЕО)

фото:твитер

Се одиграа првите два натпревари во новата 2020 година, а првиот ден е секогаш резервиран за фудбалските возбудувања во Премиер лигата.

Челзи и во Новата година продолжува со променливата форма, лондонските „сини“ само ремизираа 1:1 на гостувањето кај екипата на Брајтон со резултат 1:1.

Во 10. минута поведоа играчите на Лампард, после еден изведен корнер многу среќно дојде топката до Сезар Азпиликуета кој од непосредна близина ја испрати топката во мрежата.

Освен обидот на Тросар, немаше други позабележителни сериозни моменти во првото полувреме, а слично беше и во вториот дел од мечот, сè до самиот финиш.

Алирези Јаханбакшу, иранскиот интенационалец со фантастични „ножички“ успеа во 84. минута да му донесе бод на Брајтон.

Во вториот дуел Астон Вила на гостински терен славеше против Барнли со 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот