Совети за супер-татко: Како да му бидете подобар татко на вашето дете?

Модерните татковци се трудат рамноправно да учествуваат во животот на детето, уште од првиот ден. Татковците сега ја следат бременоста, присуствуваат на породи, внимаваат на новороденчињата, си играат со децата и ги советуваат.

За во родителската мисија да бидете што поуспешни, ви пренесуваме неколку совети:

Поддршка за децата

Во духовна смисла татковците мораат да бидат поддршка за своите деца. Децата очекуваат вие да бидете нивната главна поддршка, некого на кого секогаш ќе можат да се потпрат. Затоа бидете присутни во нивните животи и во нивните мисли.

Признајте кога не сте во право

Сепак, родителите не смеат да бидат преголеми, односно мораат да најдат добри мерки за забрана на некои работи, па со тоа да им дадат на децата доволно простор за игра и развој. Поради тоа немојте да бидете оној кој секогаш знае се. Три до четири пати во неделата признајте му на своето дете дека ниту вие секогаш не ги знаете сите одговори. Кажете му не знам или можеби. Ако сте погрешиле во нешто, признајте ја грешката и кажете дека ви е жал поради тоа.

Заедничко време

Многу татковци работат прекувремено, или пак имаат и дури по две работни места. Меѓутоа, ништо не е поважно од дружењето со децата. Потрудете се да поминете повеќе време со нив и уживајте во заедничката игра или учење.

Бидете флексибилни

Немојте да бидете груби во своите ставови и поставување на правила. Немојте да инсистирате секогаш се да биде по ваше. Постои разлика помеѓу авторитет и моќ. Преку строгите правила само ќе го оддалечите вашето дете од вас.

Награди

Иако е вистина дека со парите не може да се купи среќата, сепак со нив можете да им купите многу работи на вашите деца, но немојте да претерувате. Треба да се биде внимателен, но не и скржав. Од татковците се очекува да бидат паметни, поради тоа немојте да размислувате и потрошете малку пари за да им остварите некои желби на вашите деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот