Совети од Клиника „Жан Митрев“: Kога се појавува и што може да предизвика тромбоза?

Фото: Промо

Иако згрутчувањата во вена или во артерија што ја спречува правилната циркулација на крвта во нив, се почести кај лица постари од 60 години, тромбозата може да се појави на која било возраст, особено кај жените што земаат контрацептивни таблети или доколку постои генетска предиспонираност на тромбози.

Тромбозата е потенцијално животозагрозувачка состојба што може да предизвика згрутчување и стопирање на снабдувањето со крв на органите, што може клинички да се манифестира, меѓу другото, како срцев или мозочен удар. Исклучително е важно да се знаат карактеристиките на тромбозата, нејзините причинители и начините за намалување на ризикот од згрутчување за да се избегнат можни сериозни компликации.

Какви болести може да предизвика?

Тромбозата се јавува кога се формира згрутчување во вена или во артерија што ја спречува правилната циркулација на крвта во нив. Ако згрутчувањето се појави на вените на долните екстремитети, зборуваме за длабока венска тромбоза. Од друга страна, ако тромб се смести во белите дробови, може да предизвика ургентна медицинска состојба позната како белодробна емболија. Ако згрутчувањето мигрира во артериите на мозокот, може да дојде до цереброваскуларен инсулт (мозочен инфаркт). Ако дојде до прекин на циркулацијата на крвта во коронарните артерии на срцето, зборуваме за миокарден или за срцев инфаркт.

Како може да се спречи?

Некои мерки за спречување на создавање тромби во организмот се:

Намалете го консумирањето на сол.

Пешачете почесто.

Во случај на појава на болест што може да предизвика тромби (срцеви аритмии, проширени вени, проблеми со коагулацијата…) антикоагулантните лекови ќе помогнат да се намали ризикот од тромбоза.

Дали младите лица што спортуваат и навидум се здрави треба да се грижат за појава на тромбозата?

Иако, сигурно, возрасната група во која овие згрутчувања се почести опфаќа лица постари од 60 години, тромбозата може да се појави во која било возраст, особено кај жените што земаат контрацептивни таблети или доколку постои генетска предиспонираност на тромбози.

Дали постои начин да се превенира тромбозата?

Иако постојат антикоагулантни лекови што го намалуваат ризикот од тромбоза, клучот за избегнување на овој тип згрутчување е избегнување на подолги периоди на неподвижност. Пешачењето, спортувањето или која било друга физичка активност се од суштинско значење за да се намали ризикот од појава на тромбоза.

Дали секогаш болката на нога и на мускул е поврзана со присуство на тромб?

Најчестите симптоми во случај на присуство на тромб се оток, зголемена температура на кожата или болка во екстремитетот. Овие симптоми често може да се помешаат со мускулно-скелетна болка или повреда. Во овие случаи, неопходно е да се направи тест наречен „ехо-доплер“, кој овозможува прекинот на протокот на крв да се визуализира брзо, ефикасно, лесно и да се идентификува местото каде што се наоѓа тромбот.

Доколку ги имате овие симптоми или мислите дека можеби сте склони кон згрутчување на крвта, не се двоумете, обратете се кај Вашиот лекар. Во нашата клиника ги имаме најдобрите специјалисти по трансфузиологија, кардиологија, васкуларна хирургија и радиологија што ќе ви овозможуваат соодветен и персонализиран третман.

Закажете го Вашиот преглед на 02 3091 484, стручниот тим лекари од Клиничката болница „Жан Митрев“ ви стојат на располагање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот