Сотирова Бухова: Стручниот надзор ќе даде одговор на сите прашања за починатата пациентка во Штип

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Д-р Ирина Сотирова Бухова, во „24 анализа“ во врска со случајот на починатата пациентка во Штип која барала помош, изјави дека во тек на вчерашниот ден Инспекторатот извршил увид.

– Во собата за медицински сестри постои тој телефон и тој број е истакнат на ѕидот на секоја соба со болни. Нашиот инспектор записнички ги заведе во протокол сите документи во електронска и хартиена форма од почетокот за лекувањето на пациентката до нејзиниот испис. Денеска по писмен пат му е наложено на лицето кое управува со споменатата ЈЗУ веднаш да ја свика Комисијата за квалитетна работа и да го испита лекувањето на споменатата пациентка и во рок од три дена да го информира ДЗСИ за исходот – рече Сотирова Бухова.

Инспекцијата во штипската болница заврши: Ќе се постапува неселективно, наредено е да се свика Комисијата за квалитет

Таа истакна дека ДЗСИ веќе е во постапка на иницирање на вонреден стручен надзор кој ќе ги анализира и ќе даде одговор на сите стручни прашања.

– Тука нема брзање и има милион прашања, што и каква е постапката на инфективното одделение. За сето тоа има писмени изјави од директорот и вработените и стручниот надзор ќе даде одговор на сите прашања околу целокупното лекување – рече Сотирова Бухова.

По смртта на 41 годишната пациентка во Штип: Отворени нови телефонски линии за пациентите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот