Сопственик на кафеана во скопско Марино го претепал музичарот платен да ги забавува гостите

Недоразбирање меѓу сопственик на кафеана во скопско Марино и музичарот кој бил договорен вечерта да ги забавува гостите преминало во физичка пресметка од која музичарот го извлекол „подебелиот крај“.

Инцидентот се случил пред три дена кога и бил пријавен во МВР, а пријавата до СВР Скопје ја испратил К.Т (29).

Во неа тој изјавил дека разбеснетиот газда му го искршил и инструментот.

На 03.03.2024 во 00.30 часот во СВР Скопје, К.Т.(29) од Скопје пријавил дека во угостителски објект во с.Марино, скопско, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од сопственикот на објектот, се вели во соопштението на МВР.

Од таму додаваат дека се преземаат сите неопходни мерки за расчистување на случајот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот