Сопругот на Анета Мицевска од група „Молика“ доби казна затвор од 2 години и 6 месеци!

Фото: Инстаграм

На казна затвор со времетраење од 2,6 години во случајот „Транспортер“ беше осуден и познатиот музичар и сопруг на пејачката Анета Мицевски од групата „Молика“.

Џими Мицевски беше обвинет во случајот „Транспортер“, во кој казна затвор доби и поранешниот градоначалник на Битола, актерот Владимир Талески и уште двасетина други.

Обвинетите се гонеа за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Предметот беше отворен од страна на Специјалното јавно обвинителство, а го водеше судијката Добрила Кацарска..

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот