Сопругата на премиерот Ковачевски влегува во бизнисот со струја

Елена Ковачевска и Емине Ердоган во Њујорк / септември 2022 / Фото: Кабинет на премиерот на РСМ

Сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, Елена, е меѓу петтемина сопственици на компанијата „Сол груп 5 ДОО Скопје“ која влегув влегува во бизнисот со производство на електрична енергија и планира да гради енергетски капацитет со моќност од 1.8 мегавати, објави „А1он“.

Компанијата ќе гради фотоволтаична централа во Радовиш, за што во август лани добила готов урбанистички проект со намена за површински и соларни фотоволтаични електрани. Од Министерството за транспорт и врски за „А1он“ потврдуваат дека целокупната постапка за донесување на урбанистичкиот проект ја воделе во 2021.

„Министерството за транспорт и врски донесе позитивно мислење, планот е одобрен и направен е преклоп во Агенцијата за катастар за недвижности. Со тоа, постапката во Министерството завршува“, велат оттаму.

До овој момент, „Сол груп 5“ нема поднесено барање за добивање одобрение за градење до Министерството за транспорт и врски, ниту, пак, барање за издавање лиценца за производство на електрична енергија од Регулаторната комисија за енергетика, која е претпоследна инстанца, пред компанијата да може да излезе на пазарот за продажба на електрична енергија.

Уделот во компанијата на Елена Ковачевска е пријавен во анкетниот лист на премиерот. Пријавениот удел е во вредност од 62.000 денари, сума идентична на нејзиниот основачки влог во компанијата.

Сопругата на премиерот досега не беше многу експонирана во јавноста. Во септември, премиерскиот кабинет објави нејзини фотографии на настан организиран од Емине Ердоган, сопругата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Емине. Ковачевска во Њујорк го придружуваше премиерот на Генералното собрание на Обединетите нации.

ФОТО: Сопругата на премиерот Ковачевски, Елена, во Њујорк беше на прием со Емине Ердоган, првата дама на Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот