СОПРУГАТА НА ГРУ се огласи за првпат по неговата смрт (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

СОПРУГАТА НА ГРУ се огласи за првпат по неговата смрт (ФОТО)

Даница се огласи на својот Инстаграм профил и ги расплака пријателите.

Даница Андонов, сопругата на српскиот рапер Далибор Андонов Гру кој пред еден месец загина во трагична несреќа, се огласи за првпат по неговата смрт.

„Секој зборува со својата тишина, а тишината кажува многу“, напиша таа покрај фотката на која позира во прегратка на сопругот. Истата фотка ја сподели и на Инста Стори со коментар „30 ден“.

Даница со оваа фотографија длабоко ги погоди и пријателите, кои тоа го изразија и во коментарите во кои и испраќаа емотикони со срциња или со плачење, а некои и напишаа и неколку зборови за поддршка.

Инаку, според пишувањето на српските медиуми, Даница за смртта на сопругот дознала на најлошиот можен начин. Таа наведе дека добила повик од својата пријателка која била уверена дека вестите се лажни и ја прашала зошто новинарите „лупетаат“ дека Далибор починал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close