марш за ангелите фото: Слободен печат/Драган Митрески

ВИДЕО | Сопругата на Андреј од ДНК ги повика пратениците: Помогнете да дојдеме до вистината за трагедијата

Бараме да се утврди вистината, каде се случиле пропустите, кој не реагирал, кои институции задоцнија, кој ја имал должноста да спречи, а не спречил, порача Наталија Ѓорѓиеска, сопруга на Андреј Ѓорѓиески, еден од двајцата загинати пејачи од ДНК во трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Таа на денешниот „Марш за ангелите“ пред Парламентот во име на семејствата на загинатите, побара пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за, како што рече, целосно и независно испитување на случајот, со што, истакна, ќе помогнат во потрагата по вистината за трагедијата.

„Бараме да се утврди зошто институциите задоцнија. Никое семејство не треба да носи болка, која е последица на ваков пропуст, негрижа или недејствување. Бараме да се утврди вистината, затоа што истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања, а ние, семејствата, останавме со сомнеж дека вистината овојпат е сокриена“, рече Ѓорѓиеска.

Таа вели дека семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани не бараат сочувство, туку институционална вистина.

„Ниту едно семејство нема да се разбуди во ноќта која што ние ја преживеавме, а ваша должност е да ја заштитите јавноста и сите граѓани“, им порача Ѓорѓиевска на пратениците.

„Маршот за ангелите“ во Скопје започна во 12:05 од плоштадот „Македонија“, каде како поддршка на семејствата на 63-та загинати во ужасната трагедија им се придружија стотици граѓани.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот