Со заминувањето на британската кралица Елизабета Втора заминува и 20 век, ни останаа уште неколку икони

кралица елизабета втора
Далај Лама, Боб Дилан, Мик Џегер, кралица Елизабета Втора / Фото: EPA-EFE

Со заминувањето на британската кралица Елизабета Втора, која во своето седумдесетгодишно владеење беше сведок на Втората светска војна, Студената војна и големите технолошки промени, е уште еден чекор кон разделбата со 20 век.

Можеби Британските монарси сега имаат помала вистинска моќ, но Елизабета Втора беше траен симбол на 20 век. За тоа зборува и фактот дека нејзиниот прв премиер беше Винстон Черчил, дека го запознала првиот човек кој полетал во вселената, Јуриј Гагарин, и дека остварила историски посети на новите нации создадени на урнатините на Британската империја.

Нејзината смрт на 96-годишна возраст е уште посимболична бидејќи се случи нешто повеќе од една недела по смртта на поранешниот советски лидер Михаил Горбачов (91), уште една икона од минатиот век, кој дозволи распад на СССР и олабавување на рускиот пристап кон источна Европа.

Нивните заминувања се случуваат во време кога светот се опоравува од пандемијата на коронавирусот, но и страшната руска инвазија на Украина, која ја оживеа вознемиреноста од нуклеарна војна и кој станув свесен дека климатските промени можат да ги уништат надежите на оваа и идните генерации.

„Тие беа централни фигури какви што тешко дека ќе видиме повторно“, рече Жил Гресани, директор на француското геополитичко списание „Le Grand Continent“. „Живееме во меѓурегнум – простор меѓу две владеења, две епохи“, додаде тој. „Често го чувствуваме овој страв и вознемиреност бидејќи многу добро знаеме дека светот се менува поради пандемијата, војната во Украина, тероризмот, економските кризи и климатската криза“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Збогум на 20 век

Кралицата Елизабета Втора е погребана до нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести и другите членови на семејството во замокот Виндзор надвор од Лондон, по државниот погреб во срцето на британската престолнина, на кој присуствуваа многу светски лидери.

Постепено, светот се збогува со сето она што сè уште го поврзуваше со 20 век, а само неколку икони се уште се живи. Нелсон Мандела, кој се бореше за укинување на апартхејдот во Јужна Африка и стана нејзин прв црн претседател, почина во 2013 година.

кралица елизабета втора
Кралица Елизабета Втора и Нелсон Мандела / Фото: Profimedia

Кубанскиот револуционерен лидер Фидел Кастро, кој ја водеше својата земја половина век и беше икона на Студената војна, почина во 2016 година. Џими Картер (97) е единствениот поранешен жив американски претседател кој владеел исклучиво во 20 век. Тој имаше турбулентен мандат за време на кој со Исламската револуција беше тргнат од власт иранскиот Шах. Неговите наследници, Роналд Реган и Џорџ Х. В. Буш, починаа во 2004 и 2018 година.

Далај Лама, духовниот водач на Тибетанците, кој живее во егзил во Индија од 1951 година, кога пропадна тибетскиот бунт против кинеската власт, има 87 години и сè уште работи, но големото прашање е што ќе се случи со неговиот наследник.

Мик Џегер / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Ни останаа Макартни, Џегер и Дилан

20 век сè уште некако се држи на полето на културата. Пејачот на „Rolling Stones“, Мик Џегер (79) сè уште настапува со својот бенд, додека иконата на „Beatles“, Пол Макартни (80) продолжува да води успешна соло кариера, па оваа година настапи на фестивалот „Glastonbury“ на голема радост на своите фанови. Активен е и нобеловецот Боб Дилан.

боб дилан
Боб Дилан / Фото: EPA-EFE/DOMENECH CASTELLO

Самата кралица беше симбол на свртувањето кон модерното време. Нејзиното крунисување во 1953 година беше првиот голем настан што беше емитуван на телевизија низ целиот свет, а нејзината прво телевизиско божиќно обраќање во 1957 година го отвори патот за другите светски лидери.

пол мекартни
Пол Мекартни/ Фото: Профимедиа

Но, пред сè, смртта на кралицата е голем прекин со сеќавањата на Втората светска војна, конфликтот што нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести го поминал заедно со неговите ќерки и други Лондончани во бомбардираниот Лондон.

„Кралицата директно учествуваше во победата во 1945 година. Тоа што бевме меѓу победниците во 1945 година остави силен белег на идентитетот на Обединетото Кралство и кралицата го отелотвори тоа до нејзината смрт“, рече Томас Гомарт, директор на Францускиот институт за меѓународни односи. „За мене смртта на Елизабета Втора на некој начин го означува крајот на Втората светска војна“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот