Со уметнички дела блокиран опожарениот мост „Беласица“ во Скопје: „Фестивал на глупоста“, напиша Шилегов

Мурали во Скопје/Фото: Фејсбук

По страотниот пожар во четвртокот кога мостот „Беласица“ кој води од Железничката станица до трговскиот центар „Ист гејт“ беше затворен и прогласен за небезбеден за сообраќај на возила и пешаци додека не се поправи, приодот кон него е блокиран со бетонски столбови „позајмени“ од поставката на скопска улична уметност од 2019 година.

Во тој период над 30-тина дела беа распоредени долж главните сообраќајници во Скопје, како „Партизанска“ и „Илинденска“, а дел и пред културните институции во градот.

Екс градоначалникот на Скопје на Фејсбук искоментира:

-Некои работи едноставно нема начин како соодветно да бидат искоментирани, освен како „фестивал на глупоста”, напиша Шилегов, покажувајќи ги фотографиите од уметничките дела кои го разубавуваа градот додека не се најдоа од вертикала во хоризонтала кај Железничка станица.

„Легнатите“ мурали се дела на познати македонски улични уметници и цртачи на графити со кои се разубавуваше градот, а градските власти сега им најдоа нова намена, доведувајќи ги во опасност да бидат оштетени и уништени.

На социјалните мрежи потегот се коментира како крајно непочитување на македонските уметници и нивните уметнички дела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот