Со помош на мозочни бранови: Вештачката интелигенција пресоздаде песна од легендарните „Пинк флојд“

Фото: Profimedia

Додека пациентите подложени на операција, ја слушале познатата песна „Another Brick in the Wall“ од легендарните „Пинк флојд“, научниците користеле електроди, за да ги соберат мозочните сигнали, а потоа ја пресоздале песната, користејќи вештачка интелигенција, пишува „Јуроњус“.

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, Беркли (САД),  велат дека ова е прв пат научниците да реконструираат песна од снимки на мозочната активност кај пациенти.

Овој вид на алгоритамски превод е користен за пресоздавање на говор од скенирање на мозокот, но не и на музика.

За студијата, истражувачите анализирале снимки од мозочната активност на 29 пациенти во Медицинскиот центар „Албани“, во државата Њујорк од 2009 до 2015 година.

Како дел од нивниот третман за епилепсија, на пациентите им била вградена мрежа од електроди во мозокот. Ова создало ретка можност за невронаучниците да ја снимаат нивната мозочна активност, додека слушаат музика.

Вкупно 2.668 електроди биле користени за снимање на целата мозочна активност и 347 од нив биле специфично поврзани со музиката. Добиениот звук бил неправилен, но многу лесно може да се препознае ритамот на оваа популарна песна.

„Звучи малку како да зборуваат под вода, но тоа е нашата прва слика за ова“, изјавил Роберт Најт, невролог.

Според тимот, наодите, покажуваат дека мозочните сигнали може да се преведат, за да се доловат музичките елементи на говорот (прозодија) – обрасци на ритам, звук, стрес и интонација – кои го пренесуваат значењето дека зборовите сами по себе не можат изразуваат.

Научниците веруваат дека нивната работа може дополнително да помогне да се разбере, како мозокот реагира на музиката и може да го отвори патот за нови протетски уреди кои можат да помогнат да се подобри перцепцијата на ритамот и мелодијата на говорот.

Оваа студија, исто така, претставува пробив за невронаучниците и невротехнолозите, кои сакаат да им помогнат на луѓето со тешки невролошки оштетувања – како што е амиотрофичната латерална склероза, невродегенеративната болест на која му беше дијагностицирана на Стивен Хокинг.

Ова би можело да им помогне и на луѓето кои претрпеле мозочен удар или парализа, или имаат други проблеми со вербалната комуникација, да комуницираат преку програмите, на мозокот-компјутерот на начин што звучи поприродно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот