Со месеци го планирала бегството: Откриена вистинската причина зошто принцезата го оставила милијардерот од Дубаи

Принцеза Хаја
Profimedia

Сопругата на милијардерот од Дубаи, принцезата Хаја, откако дознала дека сопругот ја лажел и дека ја затворил и ја мачел неговата постара ќерка, со месеци внимателно го планирала бегството.

Пријателите на принцезата за „Дејли мејл“ изјавиле дека принцезата Хаја бинт Ал Хусеин (45) побегнала од Дубаи, кога дознала како шеикот Мухамед бин Рашид ел Мактум ја третирал својата ќерка, принцезата Латифа.

Нејзе шеикот ѝ рекол дека Латифа била грабната и жртва на изнуда, па дека морале да ја вратат во Дубаи, но принцезата рекла дека тоа не е вистина и дека се обидела да побегне од Дубаи и да започне нов живот во САД.

„Принцезата Хаја конечно ја дозна вистината за тоа што нејзиниот сопруг и направи на ќерка му и се плаши дека истото може да ѝ се случи и нејзе“, рекол пријател на семејството.

Profimedia

Како што кажува изворот, принцезата Хаја се прашувала каков човек би можел својата ќерка да ја држи како затвореничка.

Се претпоставува дека принцезата Хаја сега се крие во Велика Британија со своите две деца и дека е подготвена да се бори за старателство со 69-годишниот милијардер.

Латифа (33) минатата година побегнала со јахта од Дубаи, но специјалните сили ја фатиле и сега е во затвор. Пред да ја фатат, снимила неколку видеа во кои рекла дека нејзиниот живот е лага и дека била мачена.

Хаја почнала да стравува за своите деца што ги има со Рашид, па одлучила да побегне.
Наводно бегството го планирала со месеци.

Пријатели на семејството велат дека принцезата Хаја е паметна жена и дека нејзиниот сопруг лаже за тоа што всушност се случило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот