Со грант од Амбасадорскиот фонд на САД ќе се заштитуваат мозаиците во Хераклеа Линкестис

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз при посетата на Битола во текот на минатата седмица беше и во посета на Хераклеа Линкестис, со намера да ја најави поддршката со грант од 100.000 американски долари преку Амбасадорскиот фонд за културна заштита, за зачувување на убавите мозаици на локалитетот.

На настанот каде што ја најавила поддршката, амбасадорката Брнз истакнала: „Среќна сум што американскиот народ ќе помогне да се зачува ова културно наследство за идните генерации“, соопштија од Амбасадата на САД во Скопје.

Од основањето во 2001 година, Амбасадорскиот фонд на САД помага во заштитата на локалитети и градби што имаат историска и културна важност, во Северна Македонија и во целиот свет.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 91, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 31 јули – 2 август 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот