Со артилериска стрелба симболично одбележан приемот во НАТО на нашата држава

Со чинот на истрелување на шест плотуни од артилериски орудија на артилерискиот баталјон на Армијата од касарната „Илинден” во Скопје, денеска на симболичен начин се означи официјалното пристапување на Република Северна Македонија во НАТО како нејзина триесетта полноправна членка.

– Истрелувањето на артилериските плотуни се изврши веднаш по депонирањето на пристапниот протокол во Стејт Департментот, кој беше финалниот акт за формализирање на полноправното членство во НАТО, со што се целосно се оствари оваа стратегиска определба на нашата држава, се наведува во соопштението од Генералштабот на Армијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот