„Со Ана на ТИ“ | Сара Климоска: Жените глумици мора да бидат витки и сексапилни
Во третата епизода на поткастот „Со Ана на ТИ“ гостува една од најангажираните и најталентирани актерки во македонскиот филм, Сара Климоска, добитничка на престижната награда на Берлинале за најдобра актерка во подем. Нејзината професионална енергија, храброст и неверојатна харизма пред камерата ја поставија како едно од најзвучните имиња на новата генерација глумици.
Препорачано
Со Сара разговаравме искрено и без задршка за професионалните предизвици, за љубовта кон филмот и за тоа што ја мотивира да го гради својот пат на големото платно и во театарот. Отворено зборувавме за состојбата и условите во македонската филмска индустрија, за предрасудите со кои се соочуваат жените глумици и за нереалните очекувања што понекогаш ги имаат филмските работници. Допревме и чувствителни теми како голотијата пред камера, довербата што треба да постои во тимот и каде е границата меѓу професионализмот и непотребниот притисок.
Но ја слушнавме и приватната Сара, девојка која сака адреналин и мотори, која е опкружена со силни пријателства и која со истата таа животна страст пристапува и кон актерството.
Вечерва во 19 часот, на јутјуб каналот на „Слободен печат“ со Сара разговараме на „ти“.


