Снопче: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ заедно ги избраа обвинителите и судиите кои ги чуваат предметите на Мерко во фиоки
Пратеникот на Алијанса за Албанците, Халил Снопче вели дека е познато оти ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги избрале обвинителите и судиите коишто ги чувале случаите за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во фиоки.
Препорачано
-Ги имаме свежи, од бомбите, разбирливо затоа што со свои уши ги слушнавме, како ВМРО заедно со ДУИ, тоа е ДУИ заедно со ВМРО, за што господинот Стојановски ја обвинува ДУИ, ги избраа обвинителите и судиите. Знаеме како се избрани и токму тие обвинители и судии се сѐ уште на функција и токму тие обвинители ги чуваат во фиоки случаите на актуелниот градоначалник г-дин Рамиз Мерко во врска со корупцијата, за која господинот Стојановски го обвинува Рамиз Мерко дека Америка го ставила на црна листа, додека ние наводно не знаеме и бара одговорност – вели Снопче.
Тој додава дека се согласува со заклучокот, но и дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ ги избрале оние обвинители кои ги чуваат предметите во фиоки.
-И сите се чудиме како Америка може да знае дека господинот Рамиз Мерко бил корумпиран додека ние не знаеме. Да биде иронијата уште поголема, премиерот Ковачевски во изјава е изненаден што ние внатре не знаеме дека Рамиз Мерко е корумпиран, додека Америка знае – рече Снопче.


