Снопче: Бујар Османи неколку пати славеше датум за преговори со ЕУ

Халил Снопче

Пратеникот на Алијанса за Албанците (АА), Халил Снопче смета дека недобивањето на датум за преговори со Европската Унија минатата недела, не е прв неуспех за Северна Македонија. Тој во изјава за Лајм вели дека македонската дипломатија е поразена неколку пати во минатото, иако како што вели,функционери од земјава ги манипулираат граѓаните.

– Немам некоја оценка за улогата на Бујар Османи. Него ќе го оцени историјата. Ако се вратиме наназад, знаме дека неколку пати имавме помпезни најави дека датум за почеток на преговорите е добиен. Со тие фамозни селфи во авион, заедно со поранешниот премиер и поранешниот шеф на дипломатијата. Еднаш се изјавуваше дека датум ќе добиеме во јануари, после во јуни, на есен, на лето, но неколку пати не се успеа да се издејствува датум за почеток на преговорите, изјави Снопче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот