СНИМКИ ОД ДРОН: Мариупол како Варшава во 1944-та, градот исчезна

Снимки од дрон покажуваат колку е разурнат Мариупол /Фото: Твитер, скриншот

На социјалните мрежи се појави видео од разурнатиот украински град Мариупол, снимено со дрон.

Видео снимката ја објави Бахти Нишанов, кој работи за Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

– Избегнував да ги објавам уништувањата во Украина, но руското уништување на Мариупол мора да биде објавено. Деведесет проценти од градот е исчезнат. Полскиот претседател Дуда вели дека изгледа како Варшава во 1944 година и во право е, напиша Нишанов на Твитер.

Зеленски пред Французите за Мариупол: Градот е во урнатини како Верден, француските компании да го напуштат рускиот пазар

СПЕЦИЈАЛНО ОД ЛАВОВ | Атовска: Улични борби во Киев, жариште останува Мариупол – се киднапира и убива

Украинско семејството за хоророт во Мариупол: Пукаа во луѓето што чекаа ред ред за вода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот