Зеленски пред Французите за Мариупол: Градот е во урнатини како Верден, француските компании да го напуштат рускиот пазар

Володомир Зеленски/ Фото EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS SERVICE

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска преку видеоконференциска врска зборуваше пред француското Национално собрание и Сенат, нагласувајќи дека  „Мариупол и другите погодени градови потсетуваат на урнатините на Верден“, јави дописникот на МИА.

Украинскиот претседател, кој продолжува да зборува пред националните парламенти додека неговата земја се соочува со руската инвазија денеска пред францускиот Парламент истакна дека „француските компании мора да го напуштат рускиот пазар”.
-Рено, Ошан, Лерој Мерлин мора да престанат да ја спонзорираат руската воена машина. Мора да престанат да финансираат убиства на деца и жени. Секој мора да запомни дека вредностите се повредни од профитот, рече Зеленски.
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за дипломатскиот ќор-сокак.
„Разговорите се одвиваат доста тешко бидејќи украинската страна има јасни и принципиелни позиции”, рече главниот преговарач од украинската страна, Михаило Подољак, во писмените коментари испратени до новинарите.
Претходно и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги опиша преговорите како „тешки”, истовремено обвинувајќи ги Украинците за „постојано менување на позициите”, а САД дека го попречуваат нивниот напредок.
Одлуката на Варшава за протерување на 45 руски дипломати ризикува уште повеќе да ги заостри односите со Москва. Полска одлучи во средата да протера „45 руски шпиони кои се претставуваат како дипломати”, објави полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински. „На сосема конзистентен и одлучен начин ја разбиваме мрежата на руски специјални служби во нашата земја”, напиша тој на Твитер.
„Војната ја уништува Украина, но со водењето војна, Путин ја уништува и иднината на Русија. Руската офанзива во Украина „е заглавена и покрај целото уништување што го предизвикува секој ден”, оцени Олаф Шолц. Говорејќи пред Бундестагот, германскиот канцелар увери дека Киев може да „смета на помошта” од Германија.
Речиси еден месец по почетокот на инвазијата на Украина од страна на руските сили, „приближно 100.000 луѓе во нехумани услови се заробени во урнатините на Мариупол, под целосна опсада, без храна, без вода, без лекови, под постојано бомбардирање”, предупреди Зеленски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот