Снаата на Лепа Брена призна: Прокоцкав големи пари, а пиев и таблети за смирување

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Александра Пријовиќ за локалните медиуми се согласи да одговори на неколку прашања за нејзиниот приватен живот. Таа раскажа за бракот со Филип Живоиновиќ, кариерата, но и за коцкањето и таблетите за смирување.

Таа призна дека навистина сама ја финансирала својата кариера и дека нејзината мајка се откажала од се за таа да стане успешна пејачка.

View this post on Instagram

@hellomagazinsrbija ?

A post shared by Aleksandra Zivojinovic (@aleksandra__official) on

Таа исто така призна дека имала повеќе од три естетски операции, односно потенцирала дека досега биле четири.

Таа во истото интервју кажа дека воопшто не стравува дека Филип ќе ја остави, но подоцна дообјасни дека како и секој кој некого сака, не сака да остане без таа личност.

View this post on Instagram

?

A post shared by Aleksandra Zivojinovic (@aleksandra__official) on

Интересен беше одговорот на прашањето дали прокоцкала голема сума на пари во странство, кога таа призна дека тоа е вистина, па така раскажа дека наместо на излегување во град, парите ги потрошила во казино, и тоа поголема сума на пари во Вегас и Монте Карло.

Таа воедно призна и дека кога нејзиниот дедо починал подолго време пиела таблети за смирување.

View this post on Instagram

#tb @laziclaza

A post shared by Aleksandra Zivojinovic (@aleksandra__official) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот