Смртноста на интубираните пациенти во Бразил е над 80 проценти

Ковид / Фото: EPA-EFE/Genival Paparazzi

Од почетокот на вториот бран на ковид-19 во Бразил починале 83,5 отсто од пациентите на кои им била потребна кислородна поддршка, покажуваат резултатите од најновото истражување. Процентот на смртни случаи варира од регион до регион. Во посиромашните северни бразилски држави починале 90,8 отсто од пациентите на интензивна нега, додека во јужните сојузни држави, каде болниците се подобро опремени, починале 79,8 проценти.

Истражувањето го спроведе Институтот „Фиокрус“, специјализиран за интензивна нега во соработка со Универзитетот Сао Паоло, при што биле собрани податоци од државните и приватните болници.

Во периодот од 15 февруари до 15 август во 2020 година починале 78,7 отсто од интубираните пациенти во Бразил, што е многу повеќе од Велика Британија (69 проценти), Германија (52,8), Италија (51,7) и Мексико (73,7 отсто).

Ситуацијата во Бразил се влоши за време на вториот бран на пандемијата, кога процентот на смртни случаи на интубираните пациенти се искачил на 83,5 отсто. За второто истражување собрани се податоци за периодот од 15 ноември 2020 година до 14 март годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот