Словачка се приклучува на „клубот“ европски земји кои ќе го плаќаат рускиот гас во рубли

Словачка/ Фото EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Претседателот на Комитeтот за економска политика при националниот совет на Парламентот на Словачка, Петер Кремски, потврди дека Словачка отворила сметка во рубли, која би се користела за плаќање на рускиот гас.

– Тоа не треба да не чуди, имајќи предвид дека нашата земја и големите енергетски компании имаат многу сметки во различни банки. Не мислам дека се работи за некоја важна информација, рече тој, одговарајќи на прашањето за отворањето сметка во рубљи за плаќање на рускиот гас.

Истовремено, тој подвлече дека е неопходно земјите од Европската унија да бидат обединети во однос на плаќањето на гасот во рубли.

– Има голем број технички детали кои мора да се решат… Потребно е да се најде единствено решение, а како тоа ќе се реализира е друга работа. Банката лесно ќе најде начин, рече Кремски и додаде дека е за Словачка да произведува природен гас во Словачка.

Првиот заменик-министер за економија на Словачка, Карол Галек, претходно објави дека земјата има сметка во рубљи, но дека таа се уште не е активирана.

Русија покрива 85-87 отсто од потребите на Словачка за природен гас, додека републиката може да обезбеди само два отсто од потребите од своја територија.

Според Фајненшл тајмс, енергетските компании во Словачка, Австрија, Унгарија и Германија имаат намера да отворат сметки во рубли кај Газпромбанк за да платат руски гас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот