Словачка добива технократска влада, вицегувернерот Одор именуван за премиер

Вицегувернерот на централната банка на Словачка, Лудовит Одор е изборот на претседателката Зузана Чапутова за нов премиер, откако досегашниот премиер Едуард Хегер поднесе оставка, само неколку месеци пред предвремените избори во септември.

Словачка, инаку членка на ЕУ и НАТО, со месеци се бори со политичка нестабилност, откако владејачката коалиција на Хегер ослабе во периодот на висока инфлација и војната во Украина. Политичката сцена во земјата е расцепкана пред изборите на кои што би можела да победи најголемата опозициска партија која што се противи на натамошната помош за Киев, пишува хрватски Индекс.

Инаку, Хегер кој ја водеше владата од 2021 година, поднесе оставка по низата оставки на министри и повици од опозицијата да се повлече. Чапутова изјави дека останатите членови на технократската влада ќе ги именува по 15 мај.

Одор е вицегувернер на Народната банка на Словачка од 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот