„Слободен печат“: „Ванчо Михајлов“ жари и пали по потреба

Утрешниот весник „Слободен печат“, меѓу другото, донесува:

Хроника
Oпожарен бугарскиот културен центар во Битола: „Ванчо Михајлов“ жари и пали по потреба
Ова кривично дело не случајно е извршено на денот кога двете држави ќе остварат дијалог на ниво на министри за надворешни работи, рече завчера македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи. Тој заедно со колешката Теодора Генчовска остро го осуди инцидентот.

И по два месеца од отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ Владата нема став: Тешко дека некој ќе го смени спорното име на културниот центар

Работната група при Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации, иако неколку пати се состанала, уште нема став за воведување регистар, идентично одговорија за „Слободен печат“ од Министерството за правда и од Владата.

Реакции по потпушувањето на договорите од Стратешкиот дијалог со САД: Ветарот во грб од Вашингтон не e контра едрењето кон ЕУ

На земјите-кандидатки за ЕУ им се потребни големите сили да помогнат, макар и преку дијалог со властите во остварување на западните вредности. Наша среќа е што САД низа години не отстапуваат од ова партнерство, вели универзитетската професорка Ана Чупевска.

Намален трендот на илегални преминувања на јужната граница: Мигрантите почнаа да ја избегнуваат Македонија
Дури 35 отсто помалку обиди за илегални преминувања на македонско-грчката граница имало во првото тримесечие од годинава во споредба со истиот период лани.

Економија
Регулаторната комисија за енергетика ќе го претстави новиот тарифник: Обиди „струјниот удар“ што помалку да боли
– Лична проценка на универзитетскиот професор Антон Чаушевски е дека од 1 јули, цената на електричната енергија ќе се покачи за 10 до 20 отсто. Конечниот износ според него ќе биде компромис помеѓу реалните потреби и барањата на енергетските компании и она што може да го поднесе нашето стопанство, граѓаните и правните субјекти.

Свет
Анализа на Би-би-си: Товарот од долга војна создаде први пукнатини во поддршката за Украина

Скопје
Најблиската населба до Центар сообраќајно неповрзана: Жителите во Ќерамидница немаат автобус, надлежните ветуваат решавање на проблемот

Спорт
Малку поинаква улога за македонската ракометна легенда: Миркуловски е пред нов предизвик

-Од идната сезона Филип нема веќе да игра, потполно ќе му се посвети на тренерскиот занает, објави неговиот клуб Вецлар, каде досега имаше двојна улога, како играч и помошник тренер.

Мозаик
Музички спектал на платинестиот јубилеј
Дијана Рос, Алиша Кис, Род Стјуарт ѝ пееја на кралицата Елизабета

Интервју со Лилјана Пленз, инструкторка: Јогата ја доживувам како подарок за светот и целовит систем кој води кон единство на телото и духот

Не пропуштајте го енигматскиот прилог Енигмо!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот