Слободан Милошевиќ ја изневерувал Мира со една од најубавите српски актерки

мира марковиќ и слободан милошевиќ
Фото: EPA-EFE/SASA STANKOVIC

Поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ, почина во 2006 година во затворската ќелија во Шевенинген, а зад себе остави серија бурни настани што се случија во 90-тите години.

Ја слушал сопругата, но…

Личноста која имала огромно влијание врз Милошевиќ била неговата сопруга Мирјана Мира Марковиќ, а Милошевиќ често го нарекувале „папучар“, бидејќи тоа влијание било очигледно. Сите големи политички одлуки Слоба ги донесувал исклучиво во консултации со сопругата, а според сведоштвата на луѓе блиски до семејството Милошевиќ, нејзиниот збор бил најчесто последен, пишува „Мондо.рс“.

Меѓутоа, иако Слоба ја слушал својата сопруга и верно им служел на нејзините идеолошки и политички аспирации, тој не бил вистински „чист“ кога станува збор за љубовниот живот. Милошевиќ издувниот вентил го нашол во љубовната врска со С.С., една од најубавите актерки од југословенските простори.

Подоцна ќе се испостави дека врската со српската актерка била исклучително важна во политичката кариера на Слоба.

Со помош на актерката, тој открил голем заговор што му го подготвувале политичките соработници, за кои се покажало дека всушност биле политички непријатели. За саботажата на Милошевиќ биле наводно издвоени два милиони марки.

Актерката личела на неговата сопруга

Познатата актерка во која бил „вљубен до ушите“ донекаде по ликот и однесувањето.потсетувала на неговата сопруга Мира.

Очигледно имал тип на жена што му се допаѓа, но на Мира ѝ недостасувало нешто што му било потребно. За разлика од Мира, актерката имала повеќе харизма и енергија, што се рефлектирала во животниот елан. Таа била и исклучително убава и често се појавувала во филмовите и во речиси сите серии што го обележале крајот на осумдесеттите и деведесеттите години.

Наводно Милошевиќ бил вљубен во познатата актерка со години пред да се состане со неа. Средбата со актерката му ја организирал тогашниот политички соработник Иван Стамболиќ.

Slobodan Milosevic
Слободан Милошевиќ / Белград, 1991 / Фото: EPA/ROBERT RAJTIC

Единствената средба што била откриена се случила во вилата „Златен брег“ кај Смедерево, позната и како летниковец на династијата Обреновиќ, кон крајот на 1986 година и почетокот на следната година. Милошевиќ поминал цел викенд со актерката.

Неверниот Милошевиќ, наводно, своето отсуство го оправдал пред Мира така што ѝ рекол дека е киднапиран и дека не е паметно да се пријави случајот во полиција.

Колку бил убедлив во оваа приказна, секогаш ќе остане мистерија, а за која актерка станува збор, таа веројатно никогаш не дознала, пишува „Курир.рс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот