Пеколот што го преживеала Џоан Колинс: Била омажена на сила, а ѝ требале пет брака за да го пронајде вистинскиот маж!

Profimedia
Profimedia

Џоан Колинс имала многу бурен живот, за кој говорела и јавно. Таа со својот прв сопруг Максвел Рид ја изгубила невиноста и родителите буквално ја натерале да се омажи за него. Сепак, таа раскажала дека првиот сопруг ја силувал.

„Имав 17 години кога ме дрогираше и сексуално ме искористи. Бев девица. Вината која ја чувствував поради тоа ме натера да прифатам да се омажам за него. Пеколот започна на медениот месец во Кан. Морав да му ја фарабам косата и да ги трпам неговите навреди. Само година дена после венчавката сакаше да ме продаде на богат шеик за 23 илјади евра“, изјавила таа во едно интервју.

Printscreen

Нивниот развод траел дури три години и чинел околу 13 илјади евра. Непосредно пред смртта во 1974 година, Рид се жалел дека живее во сиромаштија додека Џоан, за која тврдел дека тој ја претворил во ѕвезда, не знае што би правела со парите.

После овој брак следеле уште неколку неуспешни – еден со актерот Ентони Њулејм и еден со продуцентот Рон Кас со кого добила три деца. Таа во своите интервјуа има признаено дека не е баш најдобрата мајка, бидејќи нема време ниту да ги прегрне своите деца. Четвртиот брак на актерката беше со Питер Холм.

Шведскиот пејач Питер Холм ѝ станал менаџер. Тој ги отпуштил нејзините соработници за да може да ја контролира, па исто така ја скарал и со семејството.

„Сфатив дека морам да се разведам од него кога поради проблеми со срцето завршив во болница. Во тајност изнајмив адвокат, а него полицијата го избрка од мојот дом во Лос Анџелес“, објасни Џоан Колинс. Тие се развеле во 1986 година, а Холм добил само 85 илјади евра, бидејќи актерката имотот го заштитила со предбрачен договор.

Џоан во младоста била огромна заводничка. После разводот од првиот сопруг го завела Сиднеј, синот на Чарлин Чаплин, а го оставила поради плејбојот Артур Лое.

„Тој беше еден од ретките мажи кои знаат да слушаат жена. За да се запознаам самата себе, ме наговараше трипати неделно да одам на психотерапија. Тоа навистина многу ми помогна“, раскажала Џоан Колинс.

Џоан денес е во среќен брак со Перси Гибсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот