Слаб интерес на кумановци за селекција на отпад

Слаб интерес за селекција на отпад, регистрира кумановското претпријатие „Чистота и Зеленило“, кое од неодамна започна проект за собирање селектиран смет од домаќинства во две поголеми населби, објави МРТВ. На акцијата се приклучиле само дваесет и двајца кумановци. Од претпријатието велат дека и покрај тоа ќе продолжи да се реализира проектот.

„Нема да се откажеме, ќе видиме како ќе оди во текот на наредните месеци во овие две населби, се надеваме дека граѓаните ќе се заинтересираат, можеби фали повеќе маркетинг на самата мерка и пилот-проект меѓутоа она што ме радува е што граѓани од другите делови на градот не контактираат и се заинтересирани за селектирање на отпад. Во наредниот период ќе треба да размислиме како оваа акција да ја прошириме и на поголем дел од градот и да видиме како ќе функционира“, истакна директорот, Даниел Стојчевски.

Кумановското комунално претпријатие веќе неколку години работи на селекција на отпад. Набавена е опрема, садовите се поставени на јавно прометни површини. Но голем број несовесни граѓани, т.н диви собирачи, го собираат сметот и ги уништуваат садовите. Претпријатието затоа започна проект за собирање селектиран отпад од самите домаќинства. Селекцијата на лименки, хартија и пластика се врши во специјални кеси, кои се подигаат во јавното претпријатие. Отпадот се зема од домот на корисникот. Најдобрите петмина собирачи добиваат и награди. Целта е да се крене свеста кај граѓаните за селектирање на отпад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот