Скршен „малерот“: Вардар го доби дербито против Работнички

vardarfans.mk

Вардар после речиси една година е повторно домаќин на Националната арена „Тодор Проески“, во градското дерби триумфираше со резултат 2:0 против Работнички.

Воедно на оваа средба „црвено-црните“ го скршија „малерот“ реализираа погодок по 235 минути и така беше прекинат голгетерскиот пост, но и победничкиот за голема радост на играчите и навивачите на овој клуб.

Во 55. минута Колевски стрелаше по една мешаница за водство 1:0, Работнички можеше веднаш да возврати три минути подоцна, но Тиаго за наша среќа од околу 10 метри шутираше покрај десната статива. Аврамовски во судиското продолжение (90+2) ги постави конечните 2:0 за печат на првата прволигашка победа.

Останатите четири средби од редовната лигашка рунда ќе се одиграат в недела.

1МФЛ, 3. коло

Сабота

Вардар-Работнички 2:0

Недела, 17.00 часот

Академија Пандев-Борец
Шкендија-Македонија ЃП
Шкупи-Ренова
Струга Трим Лум-Силекс

Табела:

1.Ренова 6 бодови
2.Македонија ЃП 4
3.Академија Пандев 4
4.Вардар 4
5.Струга Трим Лум 3
6.Шкупи 3
7.Силекс 3
8.Работнички 3
9.Борец 1
10.Шкендија 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот