Скопскиот аква парк ќе работи до следниот викенд

Аква паркот кој работи во склоп на Спортскиот центар „Борис Трајковски” ќе работи до следниот викенд, односно до 8 септември. Во деновите од понеделник до петок нема да биде отворен за посета.

Од СЦ „Борис Трајковски” информираат дека аква паркот летово ја имал најуспешната сезона досега со продадени над 37 илјади влезници.

По затворањето на Аква парк, ќе може да се користи затворениот базен во СЦ „Борис Трајковски” во одредени термини, а од понеделник во спортскиот центар почнува новата сезона за аеробик вежбање со термин од 19 часот, секојдневно од понеделник до петок. Во рамки на СЦ „Борис Трајковски” работи и кугланата, центарот се  сауна, пинг понг и фитнес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот