Скопје десетти најзагаден град во свет

Фото: ЕПА / Ѓорѓи Личовски

Според податоците на веб-страницата „Ај-Кју Ер“, Скопје утрово се најде на десеттото место на најзагадени градови во свет, со индекс 165.

Фото: Принтскрин

Министерството за животна средина вчера информираше дека е прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Скопје и Струмица.

-Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица, се вели во соопштението на МЖСПП.

Според специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот, „Ај-кју-ер“ Скопје деновиве го држеше приматот за најзагаден главен град во Европа.

ФОТО: Скопје од врв на Водно е потонато во магла и смог

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот